„Бомба над бомбите“: Наташа Беквалац во бикини е сѐ што ви треба оваа вечер (ФОТО)
Наташа Беквалац со своите објави секогаш предизвикува хаос на социјалните мрежи, посебно ако позира во костим за капење.
Една од најубавите жени во Србија од година во година плени со изглед на кој, како што многумина коментираат, би можеле да ѝ позавидат и многу помлади девојки.
Наташа сега објави видео на кое позира пред огледалото од бањата.
„Стегната како стап“, „бомба над бомбите“, „нема пожешка од тебе“... се само дел од коментарите кои следеа.
Наташа Беквалац во еден момент се приближи до огледалото и ја подигна лентата од костимот за капење па ги покажа затегнатите нозе, исончаната кожа и извајаните стомачни мускули.
Наташа еднаш призна дека како и другите жени се бори со килограмите и ја откри тајната на нејзината витка линија.
- Исфрлилв печива, компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки и сокови. Овошје јадев само во недела. Така успеав за кратко време да ги изгубам вишокот килограми – изјавила Наташа.
-Ми беше дозволено да јадам секакво месо, но не смеев да јадам премногу маснотии. Јадев дури и јајца во секој поглед, млечни производи, но не претерав со сирење и фета сирење. Конзумирав свеж зеленчук во неограничени количини. Најмногу јадев зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид и домати, како и јаткасти плодови. Пиев по два и пол литри вода дневно - изјавила Наташа која вели дека клучот за успехот лежи во редоследот по кој се користат овие намирници.
- Првите шест дена од неделата јадев се, од салата до месо, а седмиот ден појадок и ручек јадев храна од „забранетата листа“ како тестенини, компири и ориз. Воопшто нема слатки. И ако сакав десерт, би земала една лажица мед или интегрални бисквити. После седмиот ден се од почеток и така до посакуваните резултати - вели пејачката.
Покрај правилната исхрана, составен дел од животот на Наташа се и тренинзите, поради што телото го доведе до совршенство.
- Вежбам пет пати неделно по 45 минути. Денот ми започнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Потоа ги носам во училиште и градинка, па одам на тренинг. Кога физичката активност ќе стане дел од вашиот ден, престанува да ви биде тешко и да ве мрази да вежбате. Не сум од оние на кои им е омилено вежбањето, но кога ќе видам што ми носи тоа, не само физички, туку и психички и не размислувам за прескокнување на тренинзите - искрена е пејачката.
ФОТО: Инстаграм