Актуелно // Insta вести
Борко и Нина направија крштевка за ќерката Анастасија: Вечно име мајкина принцезо и од Бога благословена
Борко и Нина Ристовски направија крштевка за нивното второ дете, ќерката Анастасија...
Ракометарот и неговата сопруга Нина имаат две деца, синот Душан и ќерката Анастасија.
По црковната церемонија, парот крштевката ја прославиле со најблиските во ресторан. Малата Анастасија за овој свечен ден носела сив фустан со набори како вистинска принцеза.
„Крштевка на Анастасија, вечно име мајкина принцезо. Жива и здрава и од Бога благословена да си“, напиша Нина.
Инаку на крајот од најдолгиот месец во годината, односно на 31 јануари, Анастасија наполни една година. За првиот роденден мама и тато подготвија прослава со многу балони и голема торта.
Фото: Инстаграм