Божиновски: Зошто купувањето часовник е вредна инвестиција

Добивај вести на Viber

Иако многу индустрии беа директно погодени од економската криза, пазарот со луксузни производи доживеа раст. Во разговорот за Блумберг Адриа, Игор Божиновски од „Божиновски часовници и накит“ потенцира дека Македонија иако е мал пазар сепак има апетити за инвестиции во луксузни производи, а еден од главните критериуми за ваквиот избор на инвестиции е и сентименталната поврзаност со производите, смета Божиновски.

Но, во Македонија и натаму недостигаат познати луксузни брендови. Причина, меѓу другото, според Божиновски, е неможноста за поврат на ДДВ за странски туристи.

„Македонија покрај сите атрибути што ја сместуваат на дното на многу скали, се наоѓа и на дното на скалата по присутност на луксузни брендови. Покрај големината на пазарот и малата куповна моќ, најголемата пречка е Законот за ДДВ, кој е донесен 1999 година, а влезен во сила во 2000, а со него се регулира и налага повратот на ДДВ на сите странски државјани. Да кажеме дека во просек во последните 24 години имало по 500.000 регистрирани странски туристи и доколку оставеле барем по 100 евра поттикнати со ослободување од данокот, тоа се најмалку 50 милиони евра изгубен девизен прилив годишно. Патем се изгубени и можностите да бидат присутни големи луксузни брендови како 'Прада', 'Хермес', 'Шанел', 'Луј Витон', 'Ролекс', 'Бреге'... Тие, пак, се генератори на шопинг-туризам, кои пак генерираат дополнителни ноќевања, развој на угостителството, културно-историски туризам, вински, медицински туризам, агротуризaм и слично. На тој начин во еден причинско-последичен стратегиски концепт, развојот на нашата земја и економијата би можеле да се стават на брза нагорна лента“, вели тој.

Прочитајте го целиот разговор на линкот:

Сентименталната вредност - мотив за инвестирање во часовници и во накит | Bloomberg Adria

Други линкови:

https://www.linkedin.com/posts/bloomberg-adria-mkd_bloombergadria-activity-7181280544242941953-brTm?utm_source=share&utm_medium=member_desktop


*Пр објава

Фото: Блумберг