Брачна двојка патува по светот цели 17 години
Ерман и Канеларија Зап од Аргентина сакаа да патуваат низ Аргентина и да истражуваат.
Планирале шест месеци да патуваат, но она што не можеле да го претпостават е дека тоа патување ќе трае 17 години.
Покрај Ерман и Канеларија семејството Зап го сочинуваат Пампа 14 години роден во САД, Техуа роден во Аргентина кој има 11 години, 9-годишната Палома е родена во Канада, а најмалиот Волаби има 7 години и е роден во Австралија.
Овие луѓе ја напуштиле работата во 2000. година, купиле олдтајмер и тргнале, а нивното патување се уште трае. Само повеќе не се сами. Во текот на патувањето добиле четири деца, три момчиња и едно девојче се родиле на потполно различни краеви на светот.
Досега семејството Зап минале 73 земји, помеѓу останатото и животинското царство Зимбамве и џунглата Суматра.
„Најважната лекција која ја научивме е дека ова патување ни овозможи да се спознаеме себеси“- истакна Ерман кој со семејството моментално се наоѓа во Шпанија.
Откри дека луѓето му оставиле најсилен впечаток бидејќи тие им овозможиле да го остварат својот сон, нудејќи им смештај.
Зап живеат така што прават уметнички предмети, пишуваат книги, држат предавања.
Првпат кога снемале пари во Еквадор морале да се снајдат па одлучиле да сликаат и да станат парично независни.