Браво за потегот: Модна ревија со облека дизајнирана специјално за лицата со посебни потреби
На 25 септември, на терасата на Музејот на современата уметност во Скопје, Здружението Икуалити се обиде да ги прошири хоризонтите на скопската модна култура, промовирајќи високи вредности на општествена инклузија и отворено општество преку настанот „ZEN Инклузивно soirée“ и одлично успеа во тоа.
На ревијата главни актери беа лицата со уникатни способности, директно вклучени во процесот на моделирање и креирање на колекцијата на адаптирана гардероба изработена по индивудална мерка.
„Вчера се случи промена, еднаквост, шанса, инклузија, вчера се остварија соништа и желби, вчера се урнаа бариери и граници, вчера сите ние се наполнивме со неверојатна енергија... А само што почнавме. Гере Трипков ти си херој, а јас и останатите членови на тимот ќе туркаме со сите сили твојот сон да стане реалност за сите наши другари и другарки од заедницата“ - напиша на социјалните мрежи Симона Трипкова сопруга на Гере.
Инаку мисијата на „Инклузивното Soirée“ е преку верба во повисока цел „да креира ненадминлива позитивна енергија која ќе ги руши бариерите за најранливите и маргинализираните и да постави пример за почитување на меѓусебните различности, преку создавање на заедништво и креативни решенија кои водат кон поквалитетен живот“.
ФОТО: MИА