Бремена и среќна: Фотографии од Цеца Ражнатовиќ од кои нема да можете да тргнете поглед

Добивај вести на Viber

Светлана Цеца Ражнатовиќ е позната по тоа што во текот на целата нејзина кариера можеше да се пофали со исклучително витка фигура, а тоа беше случај и кога беше бремена, кога го носеше синот Вељко во 1996 година и кога беше бремена во 1998 година со ќерката Анастасија.

Поминаа 23 години од втората бременост на една од најголемите музички sвезди на овие простори. Сепак, како што истакна таа во нејзината втора бременост, го добила прекарот Дебела.

Пред раѓањето на нејзината ќерка, пејачката беше гостинка во емисијата на легендарниот Милован Илиќ Минимакс.

 - Од првиот месец на бременоста, почнувам да јадам премногу, но после тоа губам сè - призна тогаш пејачката, а на прашање од гледач како ќе се вика нејзиното дете, таа одговори:
- Во случај да биде девојче, ќе се вика Анастасија, а ако се роди момче, Милош.

Како што рече, нејзиниот сопруг и таа го избрале името Милош поради Фудбалскиот клуб Обилиќ, кој беше во нивна сопственост.

Интересно е што Цеца гостувала кај Минимакс на 1 мај 1996 година, кога била бремена со Вељко, тогаш била во првите месеци од бременоста.

извор:GLOSSY
фото:YOUTUBE PRINTSCREEN

Ексклузивно искрено интервју со Анастасија Ражнатовиќ за Женски Магазин: За храброста на мајка си и љубовта кон Ѓорѓе