Бремена освои злато: Ѝ реков на синот ќе му раскажеш неповторлива приказна
Смртта на српската олимпијка и репрезенативка во стрелање, 31- годишната Бобана Бобана Момчиловиќ Величковиќ ја потресе цела Србија. Бобана почина по компликации по породувањето и не успеа да го види своето бебе кое го роди.
Еклампсија, болест која предизвикува висок крвен притисок и е особено опасна за време на бременоста, ја искомплицира состојбата на Бобана по породувањето. После пет дена во болницата во Зајечар, каде се породи, Бобана беше пренесена во Белград во многу сериозна состојба, со крварење во мозокот и во кома. По неколкудневна борба во одделот за неврологија на Клиничкиот центар во Белград, таа почина.
Нејзиното заминување ја шокираше спортската јавност, а особено нејзините колеги од репрезентацијата. Можеше да се прочитаат емотивни пораки за збогум, а пораката која ја напиша нејзината колешка Ивана Максимовиќ Анџужиќ, ја расплака јавноста.
- Ѝ реков дека се радувам на тој медал, како јас да сум го освоила. И навистина така мислев. Многу ми беше драга, и се чувствував многу среќна за неа. Се сеќавам дека ми го разубави денот со нејзиниот успех. Ѝ реков и да ѝ завидувам. Дека ѝ завидувам на нејзината прекрасна бременост, за тоа што сè уште се натпреварува, иако стомачето не е повеќе стомаче. Што на своето дете ќе може да му раскаже прекрасна, неповторлива приказна - дека таа станала европски шампион заедно со него во стомакот. Еј!
Додадов и дека малишанот ќе биде посебен бидејќи е победник откако знаеме за него. И ќе биде, за сето тоа ќе сведочиме ние и ќе му раскажуваме дека мајка му беше една посебна жена. Бобо наша, дружи се со ангелите и чувај не, ќе се видиме повторно на некое поубаво место- напиша Максимовиќ.