Бремена сум: Лејди Гага ги шокираше фановите

Веќе со месеци главна тема на сите светски таблоиди е Лејди Гага и нејзината наводна романса со Бредли Купер.

По снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ се појавија написи дека пејачката и пејачот многу се зближиле не само пред камерите, туку и зад нив. Пред доделувањето на Оскарите, на која Гага и Купер ги разнежија сите со изведбата на "Shallow“, пејачката откри дека раскинала со свршеникот Кристијан Карин.

Тој потег ги увери сите дека е таа и Купер се нешто повеќе од пријатели. По настапот на Оскарите се рашири трачот дека Гага наводно е бремена. На тие гласини, Лејди Гага самата одговори, на својот Твитер профил.

„Гласини дека сум бремена? Да, бремена сум од #LG6“ напипша Гага на својот Твитер. Дел од обожавателите сфатија дека хаштагот #LG6 се однесува на нејзита нова песна, а дел ѝ честитаа.