Бремената Ријана на роденденска вечера со Ејсап Роки: Сексапилен моден избор, уникатна торта и многу балони (ФОТО)
Ријана и Ејсап Роки го очекуваат своето второ заедничко бебе
Популарната пејачка го прослави својот 35-ти роденден, излегувајќи на специјална вечера со момчето Ејсап Роки, за која што облече бел мини фустан со длабоко деколте.
Ријана, која го очекува своето второ бебе со Роки, слатко ги стави рацете на стомакот додека беше фотографирана како оди во „Џорџо Балди“, италијански ресторан во Санта Моника, Калифорнија.
Сексапилниот фустан пејачката го спои со светкав црн мантил од „Bottega Veneta“, блескави сребрани сандали од „Christian Louboutin“ и бела крзена чанта.
Во ресторанот ја дочека уникатна бела торта со нејзина анимација, како и многу шарени балони.
По радосната вест за бременоста, извор изјави за „People“: „Главниот фокус во моментов е на нејзиното семејство. Таа сака да поминува време со својот син“.
Ријана го дочека своето прво дете, машко бебе, со Роки (Раким Мајерс) минатиот мај, а нејзин близок извор за „People“ потври дека таа не планира да застане на две деца.