Бременоста ја чуваа во тајност речиси до самиот крај: Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко (ФОТО)

Познатиот актер Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко. Актерот кој е обожуван особено меѓу понежниот пол и важи за голем заводник, наскоро ќе добие дете со својата избраничка Ивана Малиќ.

Оваа информација се појави на социјалните мрежи, а иако се уште нема официјална потврда, се шпекулира дека Ивана е во поодмината бременост.

Локалните медиуми пишуваат дека Ивана и Милош се пресреќни поради проширувањето на семејството, но дека не сакаат јавно да зборуваат за тоа.

Фото:истаграм