Бригит Нилсен со децении ја интригира јавноста: Познатата актерка се фотографираше без шминка и во лежерно издание
Познатата актерка Бригит Нилсен не се појавува толку
често во јавноста. Прави исклучок или кога ќе се појави на некој јавен настан или кога
фотографите ќе ја сретнат на прошетка. Таа
беше видена и во друштво на нејзиниот сопруг со кој е во брак речиси 20 години
и со кого се омажи по четири разводи.
Во лежерна облека, без шминка, во опуштено издание се фотографираше со семејството по што докажа дека семејната идила сеуште трае.
Актерката Бригит Нилсен која има 59 години и беше во центарот на вниманието во 2018 година кога на 55-годишна возраст ја роди ќерката Фрида. Девојчето и е прво дете од бракот со последниот сопруг, четириесет и четири годишниот Матија Деси.
-Ја чекав оваа девојка 10 години. Таа е буквално чудо и сакам да им порачам на сите жени никогаш да не се откажуваат. Ова е всушност порака и до мажите и до жените, рекла таа по раѓањето на Фрида.
-Лекарите ми дадоа три до четири проценти шанси да забременам. Немав многу јајце клетки, но имаше доволно. Не мислев дека ќе одлучам да забременам по 42-та година. Имаше многу разочарувања. Тоа чекање убива, особено затоа што жените не сакаат да зборуваат за тоа..., изјави актерката.
Нилсен беше критикувана поради тоа што одлучи да остане бремена толку доцна, а бракот со 15 години помладиот сопруг се покажа како најдобар досега.
Актерката беше во брак со Каспер Виндинг, а потоа и со Силвестер Сталоне, со кој играше во филмовите „Роки 4“ и „Кобра“. Себастијан Коупленд и Раул Мејер се исто така нејзини поранешни сопрузи.
Фото:Profymedia