Брилијантна: 15-годишната Камила Валиева е првата жена која изведе четирискок на едно олимписко натпреварување (ВИДЕО)

Русија го освои екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Натпреварувањето го обележа 15-годишната Камила Валиева. Таа е првата лизгачка во историјата која изведе целосен четирискок на едно олимписко натпреварување! Претходно ова им успеваше и на други лизгачи, но никогаш во олимпиското натпреварување.


Оваа тинејџерка изведе два совршени четирискока, проба и трет пат, но за жал падна.

За овој фасцинантен настап, таа беше наградена со оценка од 178,92, што е речиси шест поени помалку од нејзиниот светски рекорд.

Музиката со која ја изведе својата точка е познатото Болеро од Морис Равел.


Извор: radiosarajevo.ba