БРИТАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВОТО КРАЛСКО БЕБЕ: Познато што ќе носи со себе Кејт Мидлтон на породување за среќа

Добивај вести на Viber

Војвотката Кејт Мидлтон ја спакувала торбата која ќе ја носи во породувалиштето, а британскиот ОК! магазин, тврди дека е позната нејзината содржина.

Велика Британија ја очекуваат две хистерии наредните месец дена, првата ќе се случи кога ќе се роди третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а втората на денот на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.

Изгледа дека се е подготвено за раѓањето на кралското бебе, а британските медиуми со денови пишуваат за сите детали на породувањето.

Војвотката Кејт ја спакувала чантата која ќе ја носи во пордувалиштето.

Погореспомнатиот магазин пишува дека Кејт со себе носи неколку работи за среќа, а една од нив е и семејната фотографија со кралицата Елизабета.

Освен ЦД со музика за опуштање, мирисни свеќи, играчки од своите претходни деца, провеска која ја смета за талисман Кејт во болницата ќе носи фотографија и од својата прасвекрва.

Освен фотката со кралицата носи и фотографија со своите родители.


Izvor: Reuters