Бритни е очајна бидејќи децата одбиваат да ја видат: Се плаши дека ги изневерила
Поп дивата Бритни Спирс со години е во лоши односи со своите
синови кои, како што пренесуваат
медиумите, ги нема видено речиси две години. Последен пат таа се
сретнала со Шон Престон и Џејдан,
на почетокот на 2022 година,
пред венчавката со Сем
Ашгари.
-Мислам дека мама се бори да ни даде внимание и еднаква љубов. Мислам дека не го покажа доволно тоа кон Престон и се чувствувам лошо поради тоа, изјави Џејден за Дејли Меил во август минатата година.
Таткото на синовите на пејачката Кевин Федерлајн пак, тогаш се обиде да им објасни на своите синови дека погрешите потези на Бритни можеби се само начин на изразување, сепак момчињата не успеаја да го поправат односот со нивната мајка.
Во септември 2022 година, Бритни на својот Инстаграм објави за споменатите проблеми со децата.
- Мојата љубов кон моите деца нема граници и многу ме растажува што не ги исполнив нивните очекувања како мајка, со овие зборови Бритни се обиде да го оправда своето однесување.
Таткото на момчето, Кевин дополнитено ги влоши работите, откако во јавноста објави видео на кое се гледа како поп ѕвездата им вика на синовите, а видеото е снимено без нејзино знаење, пренесува „Page Six“.
Покрај тоа што не ја гледаат мајка им, тензијата помеѓу нив го достигнала тоа ниво што тие не одговараат ниту на нејзините пораки.
И колку и ситуацијата да изгледа лошо, сепак има надеж повторно да бидат во пријателски односи, бидејќи адвокатот на Федерлајн истакна дека љубовта меѓу нив и покрај се е премногу голема.
Фото:BritneySpears/Facebook