Брижит Макрон во беспрекорен стајлинг, сопругот ја љубеше пред сите: Вистинска француска заводничка и на 68 години (ФОТО)

Француската претседателска двојка, Емануел и Брижит Макрон, подготвија проштална средба за германската канцеларка Ангела Меркел, на која францускиот претседател и го врачи Големиот крст, највисокото одликување на францускиот Орден на Легијата на честа.



За оваа пригода Брижит се облече достоинствено и пристојно, а воедно и беспрекорно. Како и повеќето Французинки, така и првата дама на оваа земја претпочита модни класици кои лесно се комбинираат со друга облека, а секогаш изгледаат елегантно и шик.

Малиот црн фустан во комбинација со кожен ремен, класични салонки и чанта беше совршен избор за оваа свечена пригода.

фото: профимедиа

Во елегантниот модел на фустанот кој се протегнува над коленото, Брижит му беше апсолутно неодолива на својот сопруг Емануел, кој не можеше да се воздржи без да ја бакне и гушне пред сите.

Кога ја испратија Ангела Меркел надвор, Брижит уште еднаш го привлече вниманието со нејзината непогрешлива модна класика - долгиот капут во крем боја.


Фото : инстаграм

Извор: stil.kurir.rs