Број еден моден додаток за студените денови: Дамите со стил мора да го имаат есенва
Ќе го комплетира секој ваш стајлинг
Есенската или зимската гардероба нема да биде комплетна без шал или марама околу вратот.
Најголем хит оваа зима ќе биде „невидлив шал“ - изработен од материјал и во дезен што скоро незабележливо се вклопува со облеката што ја носите - шал пепито со карирана јакна или тенка волнена шамија со плетено палто.
Најелегантен начин да носите шал е да го завиткате преку рамената, што ќе направи да изгледа како да сте облечени во блуза.
Можете исто така да дозволите малку да падне од рамото.
Свилената шамија одамна престана да биде исклучиво за вратот. Во изминатите модни недели во септември, sвездите на уличниот стил покажаа многу начини како се носи и комбинира тесна или широка свилена марама.
Марамата може да биде совршен појас, особено кога не знаете каде е вашиот ремен, и мора да излезете. Одлична е и кога сакате да додадете малку боја на вашиот стајлинг.
Марамата може да даде прекрасна модна нота на вашиот стајлинг и како ѓердан.
Како дополнителен додаток, користете шал и за чантата. Преклопете го на половина, ставете ги работите на средина и врзете се во лак. Можете да додадете кожен ремен или нешто слично за уште пооригинален изглед.
Доколку имате голем и волнен шал, може да го искористите и како пончо.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Фустан и чизми: Совршена есенска комбинација