Број еден за лето 2021 година: Модел на фустан кој одговара на секоја фигура (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Хајди Клум (47) во бел фустан кој ги маѓепса сите жени на светот

Совршен пример за едноставна, чиста елеганција е Хајди Клум во бел фустан со средна должина.

Овој неверојатен фустан ќе биде апсолутен избор на секоја жена за време на летните горештини. Фустанот има мали реси, кои се движат и создаваат чувство на бранови додека се движите. Има широк крој, па одговара на сите форми на тело. Ременот служи за нагласување на половината, но не го истакнува вишокот околу стомакот. 

Поради тоа може да го носат сите жени, без оглед на обликот на телото.

Со него можете да комбинирате сандали со потпетици, обувки на полна пета, рамни обувки или патики. Набавете поголема торба, ставете тексас јакна околу рамената и подготвени сте за првите потопли денови.


Можеби ќе ве интересира:

Многу, многу шик: Најголемиот тренд кој доаѓа е нешто што го имате во вашиот плакар со години (ФОТО)