Многу, многу шик: Најголемиот тренд кој доаѓа е нешто што го имате во вашиот плакар со години (ФОТО)
Полека се приближуваме кон летото и ни доаѓаат трендови и класици кои со задоволство ќе ги носиме.
Веќе, некои од нив го најдоа патот до срцата на модните познавачи и се „вселија“ во женските гардеробери, а секогаш е добро да се подготвите навреме за деновите пред вас. Значи, ако веќе сте размислувале за вашите летни ауфити, не заборавајте да вклучите животински принт во нив, кој е секогаш подготвен за напад.
Се чини дека животинскиот дизајн никогаш не излегол од мода, но сега следуваат големите 5 минути за ваквите модели - носете го насекаде, од панталони и здолништа, преку чевли, ремени, обетки, шалови, чанти...
Повеќето жени ќе помислат на познатата шема леопард принт, но ве советуваме да обрнете внимание и на змијата. Се разбира, моделите на крокодил или зебра се исто така присутни, но змиската кожа сепак ќе има приоритет.
И навистина - кога е добро комбиниран, овој дезен изгледа неверојатно шик, секси и елегантно! Принтот исто така беше вклучен во колекцијата од Том Форд, Викторија Бекам, Изабел Марант...
Змија принтот е најдобро комбиниран со неутрални бои како беж, бела, црна или песок, а одлично „одговара“ и на познатиот тексас.
Малку накит и овој принт ќе бидат доволни да заблескате со стил, дури и ако носите сосема обични парчиња облека.
извор:zena.blic.rs
Поврзани вести:
Експлозија од бои: Дали сте подготвени за овие смели комбинации? (ФОТО)
Во нив нозете изгледаат повитки и подолги: Панталони кои се апсолутен пролетен хит (ФОТО)
Трендот од 60-тите се враќа на модната сцена: Аксесоар кој мора да го имате (ФОТО)
Омилената 50+ инфлуенсерка е пример за добар стил со скромен буџет: Жени, учете од Пилар Де Арс