Експлозија од бои: Дали сте подготвени за овие смели комбинации? (ФОТО)
Фото насловна: Инстаграм/ modeblogg
Ова лето ќе носиме -
бои!
Оваа модна сезона боите се враќаат на голема врата. Трендовите најавени од дизајнери, модни блогери и инфлуенсери вклучуваат мноштво светли бои, па дури и нивна меѓусебна комбинација.
Светло розева, жолта, зелена, виолетова, портокалова, сина ... но исто така и нивните малку потемни - пастелни варијанти.
Боите изгледаат многу живописно и привлечно на парчиња како летни ленени одела, јакни и панталони - кои исто така се многу „ин“ парчиња оваа сезона.
Исто така, пожелно е да се комбинираат, така што оваа сезона ќе можеме да видиме комбинации на, да речеме, светло портокалова и розова боја.
Во секој случај, ова модно лето „мириса“ на смелост и едвај чекаме да ги видиме сите овие модни комбинации.
Погледнете некои од најатрактивните модни комбинации во режија на познати модни блогери:
Фото: Инстаграм/ streetstylegallery___
Фото: Инстаграм/ streetstylegallery___
Фото: Инстаграм/ streetstylegallery___
Фото: Инстаграм/ sueliestilista Фото: Инстаграм/vogue__cafe Фото: Инстаграм/ thebreathefashion
Фото: Инстаграм/ thebreathefashion
Фото: Инстаграм/london_daily_chic
Фото и Видео: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Во нив нозете изгледаат повитки и подолги: Панталони кои се апсолутен пролетен хит (ФОТО)