Моден фокус // Трендови
Трендот од 60-тите се враќа на модната сцена: Аксесоар кој мора да го имате (ФОТО)
фото:Profimedia/Shuterstock
Нема жена што може да одолее на овој моден додаток.
Венчиња како оние што ги носеше Блер во серијата „Gossip Girl“ се враќаат на модната сцена. Овој женски и романтичен додаток уште еднаш успеа да ги освои срцата на дамите ширум светот.
Оваа сезона, акцентот е ставен на модните додатоци за коса, и правилото гласи: колку е повпечатливо, толку подобро.
Заедно со богато украсени шноли и овие предименизонирани венчиња стануваат водечки тренд.
Често ќе гледаме модели изработени од сатен, кадиф или кожа, па останува на вас да изберете кои најмногу ви се допаѓаат и одговараат на вашиот стил.
Тие можат да бидат дел од поформални, но и од оние помалку формални комбинации.