Буквар немаат, секое дете си прави свој, раскажува Македонка чие дете учи во Шведска

Учеше без дефинирани предмети, без книги, тетратки и без препишување од табла. Ранецот што го купивме на почеток на година (анатомски и помал од стандардните) го користевме за резервни алишта ама и тој генерално остануваше во школо. Буквар немаа, секое дете си правеше свој спојувајќи го секој лист со кој ги обработуваа буквите, напиша на фејсбук Македонска која живее во Шведска, а чие дете учи во тамошно училиште.

Програмата ја обработуваа со печатени листови кои треба да ги завршат и да си ги стават во својата папка (една за математика друга за јазик).

Домашната (една на две недели) ја добиваме исто на листови кои треба да ги заврши под надзор на родител и да ги врати во школо.

Притоа имаше разлика во задачите на листовите, во смисла на потребите и нивото на детето, некои беа „понапредни“ некои „поедноставни“ ама целите што треба да се научи беа исти. Тоа што немаа класични книги, не значи дека учеа онлајн, напротив, минута нема поминато Теа пред монитор годинава заради учење, вели мајката.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк