,

Burberry носи уличен фазон во колекцијата за есен-зима 2017

Добивај вести на Viber

Креативниот директор на англискиот бренд Burberry, Кристофер Бејли, носи големо влијание врз уличната мода во Burberry колекцијата за есен-зима 2017 прикажана на London Fashion week. [gallery link="none" size="full" ids="1054,1055,1056"] Акцентот на колекцијата е ставен на препознатливата карирана шара, но во прашање се целосно поинакви модни вибрации. Карактеристичната шара е транспонирана на огромните „tote“ ташни, капути, парки и „тренчкот“ мантили во разновидна и колоритна палета. [gallery size="full" ids="1057,1058,1059"] Слоевитоста доминира на колекцијата за претстојната есен и зима. Burberry жената знае како да го искомбинира плетивото и војничките модни акценти или блузата со шарен градник. Доколку посакате да изгледате женствено, Burberry нуди провидни тоалети и здолништа со везени детали. [gallery size="full" link="none" ids="1060,1061,1062,1063,1064,1065"] Стајлингот на ревијата бил дополнет со качкет и карирани шарпи како неизбежни шик аксесоари.