CITROËN C3: 400 000 ПРОДАЖБИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 ГОДИНИ!
За неполни две години од неговото лансирање, новиот C3 веќе достигна 400.000 продадени возила, вклучувајќи 160.000 од почетокот на годината, со што ова возило е најпродаваното од Citroën. Во Европа, се бележи пораст на бројот на нарачки од 12% само во првото полугодие, со што новиот C3 се вбројува во листата на ТОП 5 од својот сегмент.
Промовиран пред помалку од две години, во ноември 2016 година, новиот C3 досега има веќе продадено 400.000 парчиња, вклучувајќи 160.000 од почетокот на 2018 година. Третата генерација од ова повеќенаменско градско возило од Citroën, ужива голем успех, со зголемување на продажбата за 12% во Европа само во првата половина од 2018 година, со што новиот C3 се вбројува во ТОП 5 од својот сегмент.
Најпродаваното возило од гамата на Citroën, новиот C3 е прво возило кое придонесува за новата продажна офанзива на компанијата: во првото полугодие од 2018 година, меѓународната продажба на Citroën забележа зголемување од 9% (во споредба со првата половина од 2017 година) со најголем удел во Европа за овие 7 години.
Заводливата моќ на Citroën C3 е илустрирана со богат производствен микс коj го прави ова возило најпримамливото возило за купувачите:
околу 40% од нарачките се со највисокото ниво на опремeност (3-то ниво Shine)
над 65% од продадените возила се со опцијата bi-ton
над 55% од продадените возила се со Airbump®
речиси 25% од продадените возила се со избрана боја на внатрешноста на возилото