Ако го барате совршениот плус еден кој ќе ве придружува на сите новогодишни забави, ви ја претставуваме Bobbi Brown Caviar & Rubies Collection – новата празнична колекција.
Овогодинешниот празничен изглед е дефинитивно декадентен, со раскошно впечатлив поглед, „va-va-voom“ трепки, блескава кожа и – за оние посмелите – црвени усни за вистински драматичен изглед.
Оваа прекрасно селектирана колекција вклучува луксузна палета на сенки за очи, неодолива црвена нијанса на кармин за усни, руменило за образи и хајлајтер за истакнување на контурите на лицето – идеална колекција која ги содржи сите елементи за совршен изглед за секоја пригода.
Лимитираната колекција содржи:
Caviar & Rubies палета сенки за очи – Блескавост, есенција на секоја забава!
Луксузна палета на компактни сенки за очи во 9 богати нијанси со металик, мат и сјаен ефект, инспирирана од тоновите на скапоцените камења – вклучувајќи ја и позлатeната формула во дијамантски прав.
Highlighting powder (хајлајтер во прав) – Гламурозен и сјаен изглед бидејќи за секоја забава е потребен сјај!
Култниот и омилен компактен хајлајтер во прав за нагласување доаѓа во еден беспрекорен сјај – Сјајот на месечината. Гламурозната, златна нијанса со природен сјај, совршено го надополнува изгледот на колекцијата.
Extra illuminating moisture balm – Одлична подлога за секоја шминка!
Исклучително лесна и потхранувачка формула, дизајнирана за да му овозможи на лицето сјаен и блескав тен.
Нов долготраен туш за очи
Долготраен, впечатлив ефект кој претставува единствен начин да го комплементирате изгледот на вашите очи.
Luxe lip color – луксузна нијанса на богата црвена боја!
За целосен празничен изглед потребна е неодоливата црвена нијанса за усни. Карминот е збoгатен со навлажнувачка формула, богата со пигменти, која со само едно нанесување овозможува богат и луксузен изглед.