Цеца брендирана од глава до пети во „Ѕвездите на Гранд“: На нозе чевли од 1.000, а во рацете мал детаљ од 4.200 евра
Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ не случајно го доби статусот на стилска икона на сцената, а новиот изглед уште еднаш докажа зошто ја носи оваа титула.
Цеца на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ се појави во бел костум со златни детали, но сите погледи сепак беа вперени во нејзините потпетици.
Имено, Цеца облекла Долче и Габана сандали во бела боја со златна потпетица, а нивната цена е 1.000 евра.
Пејачката сандалите со висока потпетица ги облече ексклузивно за снимањето на шоуто во Гранд.
- Сакаш да ми ги сликаш чевлите? -Еве ве молам – низ смеа рече Цеца и ги крена панталоните за да го покаже златниот знак на Долче и Габана.
Чевлите не се најскапото нешто што го носи пејачката на неа.
Познатата чанта „Lady Dior“ чини околу 4.200 евра и е омилена на многу дами. Цеца избра една во бела боја, со златни детали.
Фото: Grand.nova.rs/ Тelegraf.rsИзвор: Grand.nova.rs/ Тelegraf.rs