Цеца Ражнатовиќ врзана и претепана, да не се заборави: „Сите имаме свои проблеми, но причина за насилство не смее да има“
„Сите имаме свои проблеми, но причина за насилство не смее да има! Кај нас многу се молчи за проблемот со семејното насилство, бидејќи луѓето го сметаат за срам. И тоа е срамота. Но, срамота е што некој те тепа и треба да издржиш!“
Позната фолкерка Светлана Цеца Ражнатовиќ вели дека не знае што би можело да биде причина за големиот број случаи на семејно насилство особено на Балканот, но убедена е дека секој насилник треба да се пријави:
“Лично мислам дека насилникот, кој и да тоа е, треба да се пријави! Без разлика дали се работи за татко, син, сопруг или брат – таквите работи треба да се пријават во полиција и на секој начин да се прекинат“, изјави таа.
Иако ова се фотографии од пејачката која пред 5 години ја поддржа акцијата на Српски Курир „Стоп за насилството“, сепак тоа не треба да се заборави, туку постојано треба да се поттикнуваат жртвите да се охрабрат и да го пријават насилникот.
Според неа, многу е важно јавните личности да се вклучат во кампањата за спречување на насилството.
“ Покрај нас, кои работиме колку што можеме, државата е таа што треба најмногу да направи на ова поле. Тоа подразбира и заострување на казните за насилство, не смее да има милост или никакво оправдување за да се спасат насилниците. Може да се земе предвид и одреден долгорочен третман од психолог или друг професионалец. Никој не треба да трпи ничија злоупотреба и психофизичка тортура“ вели нашата позната пејачка и додава:
„Семејно насилство има насекаде во светот, но мислам дека е многу почесто кај нас. Многу грди работи се случуваат, особено на Балканот има многу семејно насилство, следам сè што се пишува во медиумите. Сите ние како општество мора да учествуваме и да го осудуваме насилството и насилниците“, изјави Цеца.
Фото: Screenshot