Цеца се соблече и го покажа новиот задник: Еве како изгледа базенот во вилата на Дедиње (ФОТО)
Пејачката Цеца
Ражнатовиќ изгледа совршено во костим за капење...
Во петок ќе се емитува уште една епизода од шоуто „Цеца и децата“ во која гледачите ќе имаат можност да видат како изгледал семејниот ручек по повод педесеттиот роденден на Цеца Ражнатовиќ, како и дел од куќа која до сега не била прикажана - базенот.
Овој дел од куќата Ражнатовиќи го реновирале пред две години, а во него сега има базен, сауна и простор за масажа. Освен на базен, пејачката покажа како се релаксира, а гледачите ќе имаат можност одблиску да видат како изгледа Цеца Ражнатовиќ во костим за капење.
Инаку, веќе извесно време се зборува дека пејачката во Турција го зголемила задникот и дека за тоа потрошила околу 36.000 евра, но за ова таа не сакала да зборува јавно. Сепак, евидентно е дека Цеца изгледа совршено во костим за капење, а на нејзината беспрекорна фигура би и позавиделе и дваесетгодишни девојки.
Таа е една од ретките дами од јавната сцена која со години изгледа исто, без поголеми промени во килограмите, а сите се прашуваат како и успева.
Фото: screenshot/youtube