Чарлс Дикенс: „Правете го и тоа што е мудро и тоа што е добро, извлекувајте го најдоброто од луѓето, а не најлошото“
Чарлс Дикенс е еден од оние писатели чии книги веројатно сте ги читале додека сет посетувале школо, како што се „Оливер Твист“ или „Големи очекувања“.
После нивно читање, постојат големи шанси дека сте ги заборавиле. Но, ќе бидете изненадени кога ќе сфатите дека неговите цитати можат да послужат како вистинска мотивација. Неговите зборови се толку мудри што можат да се применуваат и ден денес. Во денешно време, животот на луѓето е исполнет со многу проблеми и стрес, па затоа честопати забораваме како вистински да уживаме.
Прочитајте ги следниве цитати од Чарлс Дикенс кои ќе ве потсетат на најважните работи во животот: љубовта, смеата и добрата смисла за хумор.
„Нема ништо толку заразно во светот колку смеата и добриот хумор.“
„Размислувајте за работите што ги имате моментално, а сите ги имаме во изобилие. Не размислувајте за несреќите од минатото, кои сите сме ги доживеале.“
„Се надевам дека вистинската љубов и вистина се посилни од сето зло и сите несреќи на светот.“
„Срцето што љуби крие најголема мудрост.“
„Толку многу размислувам за топлите и чувствителни срца што би направил сѐ за да ги поштедам од болка.“
„Среќата е подарок и трикот лежи во тоа да не ја очекувате, туку да ѝ се радувате кога ќе се појави.“
„Барам само да бидам слободен, пеперутките се слободни.“
„Радоста и задоволството најмногу разубавуваат и тие се најпознатите заштитници на добриот изглед.“
„Поезијата му го прави на животот она што светлата и музиката ѝ го прават на сцената.“
„Доследноста во љубовта е добра работа, но не значи ништо, доколку не сте доследни во сѐ што правите.“
„Правете го и тоа што е мудро и тоа што е добро, извлекувајте го најдоброто од луѓето, а не најлошото.“
„Љубовта иако е слепа, таа е внимателен набљудувач.“
„Болката предизвикана од разделбата не е ништо во споредба со радоста предизвикана од повторната средба.“
„Ден потрошен на други луѓе никогаш не е залудно потрошен.“
„Тагувањето никогаш не ги излечило скршените коски.“
„Имајте срце кое никогаш не скаменува, темперамент кој никогаш не се уморува и допир кој никогаш не повредува.“
„Небото знае дека никогаш не треба да се срамиме од нашите солзи, бидејќи тие се дождот кој паѓа врз заслепувачката прашина од земјата која ги покрива нашите тврди срца. Се чувствував подобро кога плачев. Бев посочувствителен, посвесен за мојата неблагодарност и понежен.“
„За сето тоа што сум се обидел да го направам во животот, сум давал сѐ од себе за да го направам како што треба. Работите на коишто се посветувам, се посветувам целосно. Истото важи и за големите и за малите цели.“
„Семејството не мора да се состои само од оние со кои сме крвно поврзани, може да се состои и од оние на кои би им ја дале нашата крв.“