Молчењето е почит: Распарани сме по сите шавови

Добивај вести на Viber

За тоа како се чувствувам оваа недела, мислам дека не треба да пишувам.

И мислам дека никој не треба да пишува.

Секој нормален човек, мислам дека сосем исто се чувствуваше.

И мислам дека тоа го прави единството помеѓу луѓето.

Или единството, или разликите помеѓу нас.

Разлики кои за жал се сѐ поочигледни.

Болат и коски и тело и душа и срце. Боли сѐ во вакви ситуации.

Човек во вакви ситуации е распаран по сите шавови.

Распаднат. Сомелен. Неупотреблив.

И тоа треба да се знае.

Секој треба да знае дека вакви моменти се сурово-грозни.

И најмалку што треба да знае е дека треба да помага и да молчи.

Ништо друго.

Да помага и да молчи!

Да помага, толку колку што ќе се побара од него. Не повеќе од тоа.

Тука претпоставки не помагаат. Само одмагаат.

Секој оној кој во ова време изговори било што, да не речам сѐ и сешто е човек кој живее, а не се ни родил.

Заспани луѓе, кој заспано го живеат животот.

Само тихувањето и молчењето во вакви ситуации е почит. Ништо друго.

Толку имам да кажам овој пат. 

За Женски Магазин, Тања Трајковска

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин

Колумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу: