Челичната дама ги оставала своите партнери на неверојатен начин: И ги давала на сестра ѝ

Добивај вести на Viber

Маргарет Тачер е една од најмоќните политичарки во британската историја. За кариерата на „челичната дама“, како што некогаш ја нарекуваа, се знае, но затоа нејзиниот приватен живот секогаш бил во сенка.

Маргарет беше назначена за премиер во 1979 година, а во тоа време беше во брак со Денис Тачер. Двајцата се венчаа во 1951 година, а круна на нивниот брак се нивните деца, близнаците Марк и Керол.

За време на политичката кариера што ја градеше, Маргарет ја имаше безусловната поддршка на Денис, додека таа се нарекуваше негова сопруга во сенка. Не сакаше да се експонира во јавноста, а во голема мера избегнуваше да се појавува во медиумите.

Во моментот на нивното запознавање, Маргарет ја завршувала љубовната врска со фармер, додека Денис зад себе имал еден брак.

Интересно е и тоа што Маргарет решила да и го остави тогашното момче, фармерот Вилијам Кален, на нејзината сестра Мурел.

"Вчера отидов во кино со него и почнав да го подготвувам да се запознае со тебе. Му покажав заедничка слика и тој рече дека тешко може да не раздели, па мислам дека лесно можеш да ме замениш", напишала Маргарет во писмо до Мурел.

Сепак, Вилијам бил упорен и не се откажал од љубовта кон Маргарет, која ја опсипал со внимание и скапи подароци. Во една прилика и подарил скап парфем и интересна чанта на која биле изгравирани нејзините иницијали.

Маргарет во тој момент не можела да го остави, па и кажала на својата сестра. „Сепак, ќе морам да бидам со Вилијам уште малку“, напишала таа во писмото.

И покрај тоа што не ја прекина врската со Вилијам, Маргарет отиде на првиот состанок со Денис Тачер и призна дека на почетокот не ја привлекувал, туку дека подоцна сфатила дека тој е вистинскиот маж за неа.

Извор: Стил Курир

Фото. Инстаграм