Честа употреба брзо ја расипува машината за алишта: Мајстор откри која програма треба да ја избегнувате

Добивај вести на Viber

Оваа програма за перење алишта воопшто не се препорачува, објасни мајсторот a eве и зошто

Еден мајстор на TikTok детално објасни зошто не треба да користиме програма за брзо перење алишта, но и како честото користење на споменатата програма дополнително влијае на функционалноста на машината за перење. Ако перете облека од полесни материјали - тогаш можете да ја користите програмата за брзо перење (но не често).

Меѓутоа, кога станува збор за гардеробата од потешки материјали, тогаш таа претставува големо оптоварување за машината, па затоа воопшто не се препорачува програма за брзо перење.

За да го објасни проблемот, споменатиот мајстор даде пример за перење крпи. Со оглед на тоа што крпите стануваат исклучително тешки кога се полнат со вода, брзото перење од 28 минути може да го оштети барабанот.

@wadesramsey STOP using the fast setting on your washing machine #trywadesfirstmate #euronics #washingmachine #fast #fastsetting #noisey #techtips #tips original sound - wades


„Кога машината работи многу брзо, крпите се собираат заедно, а тоа многу го оптоварува барабанот. Тогаш машината почнува да „чука“ и да се движи“, рече тој.

Која програма е најдобро да се користи ако немате доволно време за миење?

„Доколку немате многу време, подобро е да изберете програма за перење на памучна облека, што обично трае околу два и пол часа. Потоа притиснете ја поставката за брзина за да го намалите времето на околу час и половина. Ова ќе и даде доволно време на машината за перење да исчисти сè како што треба без дополнително оптоварување на неа“, тврди мајсторот.