Четири генерации на една слика: Сузана Турунџиева го прослави роденденот на мајка Блага – „ Дај Боже уште многу години да одиш по нас и да ни викаш: Облечи папучи“

Добивај вести на Viber

Познатата македонска водителка Сузана Турунџиева е горда на својата мајка.

Таа објави заеднички фотографии со мајка Блага, ќерките Лора и Матеа и внукот Јаков и напиша емотивна порака за нејзиниот роденден.

„Мојата мајка е од оние мајки за кои треба да се исправиш простум додека зборуваш за неа. Среќен роденден Бале моја. Дај Боже уште многу години да одиш по нас и да ни викаш: Облечи папучи“, напиша водителката.

Нема ништо поубаво кога семејството е на едно место, а уште повеќе кога повеќе генерации ќе споиш на едно место. На Сузана и успеа тоа за убав повод.

Фото: Фејсбук