„Чиста среќа“: Ана Ивановиќ објави емотивни фотографии по породувањето

Добивај вести на Viber

Ана Ивановиќ по пораѓањето со третиот син, неколку пати се огласи на својот Инстаграм профил. Од последната објава на која заедно со новородечето се држат за рака, се гледа дека тие се веќе дома и конечно се сите заедно.

И додека сеуште пристигаат честитки и пораки со убави желби, Ана се огласи и со трогателна порака им се заблагодари на сите, а фотографијата ја нарече „чиста среќа“.

Како што пренесуваа медиумите, првите денови после породувањето и минуваат одлично, сите се среќни и се прилагодиваат на потребите на бебето. 

Таа по повод денот на мајките објави неколку фотографии со кои потсети колку е важна  мајчинската љубов. Таа не инспирира да направиме нешто особено убаво за мајките и да ги потсетиме колку ни се важни, колку ги сакаме, колку ја цениме и цениме нивната несебична љубов и се што прават за нас.


Фото:Instagram/Anaivanovic