ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Чувај се од жена која чита книги!

Маж и жена отишле на одмор на убаво езеро, меѓу останатото, езеро познато и по местото за риболов. Мажот сакал да рибари во екот на зората, а неговата жена тогаш обожавала во мир да чита книги.

Едно утро, мажот после неколку часа риболов се вратил и одлучил малку да отспие, а сопругата се одлучила сама да отплови со чамецот во езерото. 

Го запалила моторот и со чамецот отпловила на едно осамено место, го фрлила сидрото, ја извадила книгата и продолжила да ужива во тишината читајќи ја својата книга.

По некое време наидува риболовен инспектор со својот чамец, застанал до нејзиниот и и рекол:

-Добро утро госпоѓо. Што правите?

-Читам книга, одговорила таа.

-Вие сте на делот од езерото резервирано за спортски риболов!

-Жал ми е господине, но јас не ловам риба. Јас само седам во чамецот  и читам книга.

-Да, но во чамецот го имате целиот прибор потребен за риболов и што се однесува до мене, би можеле со ловење да почнете во секој момент. Ќе бидам приморан да ве понесам со мене до станица и против вас да поднесам пријава, рекол тој.

-Ако вие тоа навистина и го направите, тогаш знајте дека и јас против вас ќе поднесам, пријава, но поради силување!- му одговорила жената.

-Но, јас не ве ни допрев!- рекол инспекторот.

-Да, но вие за сето тоа го имате потребниот алат и што се однесува до мене би можеле да почнете со тоа во секој момент.

-Довидување госпоѓо, и уживајте во овој убав ден ...

Поука:

Не влегувајте во расправа со жена која чита. Многу е веројатно дека таа знае и да мисли.

А ако веќе се расправаш со жена која чита и мисли, тогаш сфати дека не можеш да ја превеслаш!

Споделете ако сте жена која сака да чита книги :)