Чувството кога оперирате срце на бебе од два килограми и интервенцијата завршува успешно: Интервју со Д-р Чадиковски

Добивај вести на Viber

Во Македонија речиси секојдневно се изведуваат најкомплицираните кардиохируршки зафати кај децата и тоа на возраст од еден ден старост, на новороденчиња тешки само еден килограм. Тимот под водство на детскиот кардиохирург, Доц. д-р. Владимир Чадиковски во приватната болница Аџибадем Систина, во услови на целосна организираност, работи на исклучително тешки операции на срце кај најмладата популација, па во последниве години речиси и да нема заминувања во странство за вакви зафати.  -Можам слободно да кажам дека ова е прв детски кардиохируршки центар во регионот со JCI-американска акредитација, што потврдува дека ги исполнуваме сите услови за безбедност и квалитет на здравствените услуги кај децата и исполнување на американски стандарди во однос на кадар, инфраструктура и опрема. Во текот на оваа година и пол направени се голем број интервенции за прв пат во нашата држава, вели во денешното интервју за Фактор, Доц. д-р Чадиковски. Голем медиумска заинтересираност за Доц. д-р. Чадиковски се крена само пред месец-два кога тој од опозициската ВМРО-ДПМНЕ доби понуда да биде нивни кандидат за градоначалник на Скопје, но Доц.  д-р Чадиковски не ја прифати. Во денешното интервју вели дека тоа е област која што воопшто не ја познава и дека по долги години го има професионалниот мир, кој му овозможува целосно да биде посветен на лекувањето на срцевите мани кај децата.

Од 2013 досега во приватната болница „Аџибадем Систина“ се направени повеќе од 100 интервенции, колку кардиохируршки интервенции вие и вашиот тим имате направено.

Д-р Чадиковски: Да, така е. Имаме навистина одличен повод за ова интервју. Во нашата болница, односно на нашиот оддел направени се 100 интервенции. Повеќе од 30 интервентни кардиохируршки интервенции и сите услуги се покриени од Фондот за здравствено осигурување. Значи родителите немаат никакво финансиско оптоварување. Со самото наше доаѓање, целиот тим кој брои повеќе од 40 члена, добивме еден систем кој недостасуваше и можам слободно да кажам дека ова е прв детски кардиохируршки центар во регионот со JCI-американска акредитација, што потврдува дека ги исполнуваме сите услови за безбедност и квалитет на здравствените услуги кај децата и исполнување на американски стандарди во однос на кадар, инфраструктура и опрема. Во текот на оваа година и пол направени  се голем број интервенции за прв пат во нашата држава. Имаме одлични резултати, на што сме посебно горди.

Целото интервју читајте го на Фактор , тука.