Чувствувајте се убаво во тоа што го носите: За стилот со Асан Даутовиќ, менаџер на ресторан и пи-ар

Добивај вести на Viber

Убаво е кога на улица ќе сретнеме убаво средена, дотерена дама. Стокмена од глава до пети, тоа секогаш мами погледи на случајните минувачи. Но уште позабележително за окото на случајниот набљудувач е кога еден господин, маж ќе се дотера и ќе се издвои од толпата и од она во кое сме навинкати да ги гледаме секојдневно посилните полови.

Па ако сте го сретнале Асан Даутовиќ сигурно не сте останале рамнодушни на неговиот необичен и пред се‘ префинет стил. Знае како што вели да се облече и минималистички, но и да ужива во хедонизам, а богами и во авангардно издание.

Тој е познат во јавноста како главен менаџер на познат ресторан, но и како лице за односи со јавноста на Националната организација на готвачи во Македонија „Гастро Мак“. Исто така Асан е и Првиот меѓународен судија во земјава од светската организација на готвачи во делот на послужувањето.

За Женски магазин од Дубровник, Хрватска каде присуствува на меѓународен натпревар ни одговори за стилот и брендовите.

*Дефиниција за стил?

- Дефиниција некоја за стил јас лично мислам дека нема. Стилот е всушност како убаво се чувствуваш.

*А, Вие стилски се дефинирате како...

- Јас стилски се дефинирам концентричен, различен, и пред се‘ слободен. 

*Што е пресудно за добар стил?

- Пресудно... Па смелоста да облечеш некои парчиња и знаењето на носењето на самите.

*Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?

- Секогаш комбиниран стилови.

*Минимализам, хедонизам, авангарда?

- Мислам дека се‘ практикувам. 

*Гламур или класика?

- Гламурот ме влече повеќе но некогаш во ситуации мора и класика (се смее).

*Омилени нешта од вашата облека?

- Имам доста, но најомилена ми е лептир машната од филигран со мои иницијали и неколку парчиња од наша дизајнерка која што во последно време навистина ми олеснува со нејзините креации. 

*Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?

- Не воопшто, јас навистина носам се‘.

* Што сакате да постигнете со вашиот стил?

- Аауууу... немам никакво очекување, едноставно и вистински убаво се чувствувам во тоа што го носам. 

* Дали ако сте автентични, тоа значи и осудување од нашава средина?

- Да се случува и тоа некогаш имаш погледи чудно вперени во тебе, некогаш па и коментари кои не се баш вкусни но се‘ е тоа всушност различност во вкусовите нели...

* На кој дизајнер би му дозволиле да ти го преуреди гардероберот?

- Да , моментално тоа е нашата дизајнерка Катерина „Кали Росе“. 

* Што облекувате денски, а што навечер?

- Па не можам да кажам дека имам некаква разлика, што и како ќе се чувствувам тој ден. Но заради работата што ја работам денски некако сум посмирен(се смее).

* Дали експериметирате со косата и шминката?

- Не косата што ја немам не дозволува да менувам и експериментиран, а шминка не користам(се смее). 

* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед .

- Само чувствувајте се убаво во тоа што го носите.


Наталија Миланова

ГАЛЕРИЈА: