CITROËN постигна исклучителен успех во Европа
Citroën во првиот квартал од 2019 година постигна исклучителен успех во Европа, во однос на регистрирани патнички и лесни комерцијални возила.
Од 12-те најголеми автомобилски брендови на европскиот пазар, Citroën е марка која од почетокот на годината забележа најголем раст. За патнички возила, Citroën е дури и единствената марка во Топ 12-те која воопшто бележи пораст и тоа за 5,8%, на пазар кој бележи пад од -3,2%. Во неколку земји Citroën забележа двоцифрен пораст во продажбата на патнички возила во првиот квартал, и тоа:
-во Франција (најголемиот пазар на Citroën во Европа): + 10,3%
-во Обединетото Кралство (четвртиот пазар по големина): + 16,8%
- во Данска (седмиотпазар по големина): + 26,8%
-во Португалија (осмиотпазар по големина): + 15,4%
Соова Citroën доби 0,3 поени во пазарниот удел напатнички и лесни комерцијални возила споредено со првиот квартал од 2018 година. Пазарниот удел на патнички и лесни комерцијални возила на Citroën дури и се зголеми за +0,6 поени во Франција,со што достигна 11,8%, +0,6 поени во Шпанија достигнувајќи 7,4% (третиот пазар по големина) и + 0,3 поени во Италија достигнувајќи до 5,3% (втор пазар по големина).
Овој резултат му овозможи на Citroën да добие повисоко место во рангирањето помеѓу брендовите (7. наспроти 8. во првиот квартал од 2018).