City Radio приредува карантинска забава во Зелената градина на кровот од ГТЦ со најдобрите диџеи
Во недела, 17 мај, во Зелената градина на Градскиот трговски центар во
Скопје во недела, ќе се случи една од најдобрите забави во карантин досега!
Најдобрите диџеи, собрани на едно место под мотото „Се собравме за вас“, ќе пуштаат музика од 20:00 до 23:00 часот.
Диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби, диџеј Фици, сите собрани во Зелената градина, на кровот од ГТЦ, со различни битови и стилови на музика ќе приредат неверојатна забава за љубителите на убавата музика, забавата и танцувањето.
Настанот ќе може да се следи во живо на YouTube каналот на Сити Радио или директно на радио фреквенцијата на Сити Радио, 94,7 ФМ.
Иницијативата за собирање на диџеите на едно место е на City Radio. Од таму велат дека иако секојдневно се присутни во домовите и животите на нивните слушатели преку радио етерот, сакаат на посебен начин да им приредат и уникатна забава на сите оние кои што седат дома и ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.
Со тоа, организаторите ги повикуваат жителите на општина Центар да излезат на своите балкони и прозори со транспаренти на кои што ќе имаат напишано интересни и позитивни пораки. Целта е тие да бидат снимени и заедно со диџеите да бидат вклучени во настанот кој што ќе се пренесува во живо. За оние кои што ќе ја следат забавата на Youtube каналот на Сити Радио, им се ветува незаборавно доживување исполнето со многу позитивна енергија.
Настанот е под покровителство на Градскиот Трговски центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност, Идеа Лаб.
Карантинот не смее да ни ја одземе забавата, ова е време кога домовите ги претвораме и во ноќни клубови. Нека игра цела фамилија!