Д-р Никола Пановски: Со ова темпо на новозарaзени, за година-две ќе се инфицира половина од населението во Македонија

Добивај вести на Viber

Скапо ќе не чинат грешките кои се направија во водењето на оваа епидемија, а почнаа со објавување на изборната кампања, некаде на почетокот на месец мај, кога се разлабавија мерките во услови на флагрантно кршење на законите и прописите за заштита од заразни болести од страна на граѓаните, вели во интервју за Фактор, професор д-р. Никола Пановски, еден од врвните микробиолози во земјава. Одговарајќи на низа актуелни прашања кои се однесуваат на кризата со корона вирусот во Македонија, професор Пановски смета дека многу посериозна опасност имаме внатре во државата, отколку од надвор, бидејќи, како што појаснува и по отворањето на границите, туристите секако нема да побрзаат да ја посетат земјава. Лично смета дека се уште е рано за целосно спроведување на олабавувањето на мерките од третата фаза, меѓу кои и отворањето на хотелските објекти. Според професорот Пановски и покрај намалената јачина на вирусот, 10 отсто е висок процент на заболените граѓани кои бараат хоспитализација, односно имаат тешка клиничка слика, па така, како што вели, со секојдневните 15-20 хоспитализации, болничките капацитети веќе се преоптоварени. Во однос на дексаметазонот, кој се споменува како лек кој при третманот на пациентите со тешка клиничка слика ја намалува смртноста, вели дека не смее ниту да се помисли да се зема на своја рака, бидејќи ако почнат да го купуваат сега, а може да се подигне и без рецепт, оние со полесна клиничка слика, постои опасност потешко да се разболат. Да се подготвиме дека ова ќе трае со месеци, истакнува професорот во интервјуто, и нагласува дека Ковид -19 може да го има и во година ова време, но ако вака продолжиме уште една година, со по 100-200 нови случаи дневно, во Македонија вакцината ќе пристигне доцна.

Комисијата за заразни болести секојдневно одржува состаноци на кои во текот на неделава се разговара за третата фаза олабавување на рестриктивните мерки, отворање на границите, отворање на хотелите, базените...Дали повторно сметате дека ова би биле избрзани одлуки, со оглед на фактот дека последниве десеттина дена бројот на новозаразени со корона вирусот е постојано над 100?

Д-р. Пановски: Да, секако. Се надевам дека само разговараат, а ќе почекаат со предлог мерките. За отворање на хотели во оваа фаза е рано. Свесен сум за економските последици, но сепак треба да се почека. Границите можат да се отоворат, пред се за нашатите луѓе кои се надвор, а сакаат да дојдат летово. Нам ни прети поголема опасност од внатре отколку од надвор. Не очекувам дека странските туристи ќе навалат во Македонија додека бројот на заразени не падне под 20 новозаразени дневно.

Целото интервју на ФАКОР.МК