,

Д-Р СОФИЈАНОВА: Поради британскиот сој, децата од асимптоматски, преминаа во симптоматски

Добивај вести на Viber

Се намалува старосната граница на заболените од коронавирусот, а причина за тоа е појавата на британскиот сој.

Ова го птврдува и професор д-р Аспазија Софијанова, која вчера, во гостување на Телевизија 24, рече дека британскиот сој, за жал, не ги исклучи и децата.

„Има побрз метод на ширење и граничната возраст ја симна. Клиничката слика кај децата од асимптоматски преминаа во симптоматски и гледаме класична слика на Сарс ков 2“, рече, меѓу другото, д-р Софијанова.

Според неа, се поголем број е на позитивни деца кои се примаат на клиниката. Она што го гледавме кај возрасните, сега го гледаме и кај децата.

Повеќе детали, читајте на Фактор, тука.