Д-р Василка Салевска-Трајкова: Секоја жена треба да го следи својот сон за сопствен развој и себереализација

Добивај вести на Viber

Д-р Василка Салевска - Трајкова, Менаџер за регулаторни прашања за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал

СЕКОЈА ЖEНА ПОСВЕТЕНА НА НАУКАТА ТРЕБА ДА ГО СЛЕДИ СВОЈОТ СОН И ДА ЈА ИСКОРИСТИ СЕКОЈА МОЖНОСТ ЗА СОПСТВЕН РАЗВОЈ И СЕБЕРЕАЛИЗАЦИЈА

Василка Салевска - Трајкова, доктор по правни науки, со долгогогодишно регулаторно искуство во јавниот, приватниот и академскиот сектор, а моментално Менаџер за регулаторни прашањаза Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал (ФМИ) е пример за успешна деловна жена,  континуирано надградувајќи ја својата кариера со наука. Со Трајкова зборуваме по повод 11-ти февруари, Меѓународниот ден на жените во науката, посветен кон родово промовирање и севкупно учество на жените во науката.

Долги години работевте како државен службеник во повеќе министерства, а  бевте вклучени  во евроинтеграциските процеси на Владата од самите почетоци, кои беа тема на вашиот магистерски и докторски труд. По 15 години поминати во јавната администрација решивте да преминете во Филип Морис. Како се развиваше вашиот кариерен пат и која беше причината за ваков трансфер?

- Започнав да работам во државните институции уште пред да дипломирам. На почетокот помагав волонтерски, а подоцна со официјален статус на државен службеник. Променив 5 министерства, ги поминав сите скалила на унапредување, запознав исклучително стручни колеги кои и денес се составен дел од мојот професионален живот. Се надградував, учев и максимално се вложував во сите задачи. Внимателно ги следев моите постари колеги чија институционална меморија е незаменлива. За мене комбинацијата на искуство и знаење се формула за професионална реализација. Секое ново работно место го гледам како процес  низ кој, освен работењето, не треба да ви претставува проблем паралелно и да се едуцирате. Така спонтано дојдоа моите магистерски студии во Колеџот на Европа во Варшава, Полска, како усовршување на работните процеси во кои бев вклучена, а по неколку години и моите докторски студии, со иста цел. За темата на истражување го избрав местото кое е центар на научната мисла –Институтот Макс Планк за компаративно јавно и меѓународно право во Хајделберг, Германија. Работев со најдобрите и учев од најискусните во оваа област. Денес стекнатото знаење го пренесувам на помладите генерации како Доцентна Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Изборот да преминам во голема мултинационална компанија, каква што е Филип Морис Интернешнал е мојата најдобра одлука од повеќе аспекти, меѓу кои би го издвоила негувањето на култура на родова еднаквост односно свесноста на сите нивоа дека безбедноста на жените, рамнотежата во професионалниот и приватниот живот, родителството и двојната кариера се најголемите предизвици на денешницата за вработените жени. Компанија што овозможува еднаков пристап до придобивките за вработените со цел да се постигне правичност и конзистентност за сите функции независно од местоположбата и без оглед на полот. Поради практикувањето на нашите принципи на „ист финансиски надомест за жени и мажи“, во 2019 година станавме првата официјално сертифицирана компанија за еднакви надоместоци од швајцарска непрофитна фондација - EQUAL-SALARY Foundation. Можам да кажам дека Филип Морис Интернешнал е навистина место за поддршка кое ги инспирира и зајакнува жените да ги унапредат своите вештини, да ја прошират својата мрежа и да го реализираат нивниот целосен потенцијал. За поздрав е тоа што компанијата ја следи науката, бидејќи истражувањата покажуваат дека компаниите со подобар родов баланс се поуспешни од останатите. Ако сакаме да напредуваме, постигнувањето на родова рамнотежа е еден од начините да се стори тоа. Особено важно ми е тоа што компанијата е во процес на трансформација на своето работење кон иднина без чад која е посветена на примена на науката во создавањето нови, иновативни алтернативни производи кои се основа за процесот на трансформација. Несвојствено за оваа индустрија, ние сме лидер во иновации, експерти во диференцијација на производи и место каде работат околу 10 000 најдобри инженери. 

Во Филип Морис Интернешнал вие сте на позиција Менаџер за регулаторни прашања за Југоисточна Европа. Кои се вашите обврски и како тоа го спојувате со науката?

- Мојот обем на работа во регулаторниот дел  опфаќа следење, толкување и имплементирање на правната рамка во земјите во регионот на ЈИЕ. Правото што ја регулира тутунската индустрија покрива повеќе правни области и совладувањето на истото во сите пазари е огромен предизвик.

Но, покрај тоа работам и во делот на приближување на науката создадена од Филип Морис, што подразбира едуцирање и подигање на свесноста на научната јавност. Моја задача е да им ги доближам научните истражувања на Научно истражувачкиот центар во Нешател, Швајцарија и да ги поттикнам македонските научници да истражуваат заедно со нас, транспарентно ставајќи им ја на располагање целокупната наша наука.

* Кога сме кај претставување на нови производи, ФМИ минатата година го лансираше иновативниот производ IQOS. Како изгледаа подготовките и колку беше тешко ова да се постигне?

- Да, компанијата Филип Морис Интернешналминатата година во мај, на македонскиот пазар го лансираше иновативниот електронски уред IQOS кој го загрева, но не го гори тутунот. За овој огромен административно-деловен подвиг, кој почна многу порано пред самото лансирање, беше потребно навистина многу време, труд, посветеност, координација и внимателно постапување. Кога предмет на работа е уникатен производ кој е наменет за краен, индивидуален потрошувач, а при тоа, нема простор за грешки и пропусти. Но, работата не завршува со лансирање на производот. Напротив, уште при самото создавање од нoвиотуред, поминува се 5 чекори: развој на платформата, токсиколошка проценка, системско клиничко испитување, проучување на перцепцијата и однесувањето, долгорочна проценка. Горда сум што сум дел од тимот кој успеа да го претстави овој иновативен производ на македонските возрасни пушачи.

* Каков совет би дале на младите професионалци, особено жените, кои сега почнуваат со оваа професија или кои размислуваат да се насочат кон ова поле?

- Мојот совет е да бидат свои, автентични и да знаат во што веруваат. Лично верувам дека учењето (на секакви вештини, не само формалното образование) гради поголема самодоверба, која води до поголема себереализација, решителност и издржливост на секое поле.   Работам во област каде секојдневно се менуваат закони, регулативи и постојано се донесуваат измени. Затоа и не престанувам да се едуцирам и да градам  пристап ориентиран кон решенија за предизвиците. Женскиот начин на критичко и аналитичко размислување го сметам за предност во бизнис секторот. Многу сум горда на моите колешки од македонската канцеларија, но и од сите сектори глобално, кои се докажани професионалци и многу успешни во својата работа. Поддржувам и се залагам за жени кои го реализираат секој свој сон, кои не признаваат стереотипи, кои не прифаќаат помалку од замисленото, кои живеат за да се радуваат, постојано се надградуваат и знаат да уживаат во своите успеси.


ПР објава