(ФОТО) Каква мајка, таква ќерка: Ќерката на кралицата Ранија стилизирана за чиста десетка
Кралицата
Ранија од Јордан не се појавува во јавноста толку често колку шпанската кралица
Летиција или војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, но таа секогаш е во фокусот на
водечките модни портали
Ранија (49), сопруга на јорданскиот крал Абдула,
го посети Ум Каис, град во северниот дел на земјата, минатата недела за да
разговара со локалното население за туризмот.
Таа беше придружувана од нејзината ќерка
принцезата Иман (24), а кралицата на инстаграм сподели дека е задоволна што
овој ден го поминала со неа.
- Уживав во времето што го поминав со Иман и
прекрасните луѓе на Бејт ал Барака и Бејт ал Варда денес во Ум Каис – напиша кралицата.
Кралицата и принцезата го поминале денот
разговарајќи со жителите на овој град, а исто така научиле како да направат
традиционални јордански корпи и марами, правеле колачиња во локална компанија,
научиле нешто ново за украсните дрвја и растенија.
Она што на модните критичари ги интересира е
изборот на облека на членовите на кралско семејство од Јордан, а интересно е
што и кралицата и принцезата беа неформално облечени, бидејќи Иман избра многу кежуал
комбинација на облека од нејзината мајка. Принцезата носеше фармерки, маица и
удобна наметка, а нејзината мајка се одлучи за циклама блуза со бели точки од
модната куќа Оф-Вајт, која чини околу 1.090 долари, а неодоливо потсетува на
стилот на покојната британска принцеза Дајана и духот на 80-тите. Станува збор
за парче што неодамна беше намалено за дури 50 проценти, и распродадено многу
брзо. Интересно е што, пред неколку дена, ја видовме и Кејт Мидлтон во фустан
со точки, а и сè повеќе познати личности избираат ваков вид на принт ова лето.
Што се однесува до долниот дел од облеката, Ранија избра бели панталони.
Сепак, бидејќи ја гледаме кралицата многу почесто
од нејзината ќерка, светската јавност се радуваше на можноста да види едно од
четирите деца кои Ранија од Јордан ги има со кралот Абдула - Иман има постар
брат, принц Хусеин (26), помала сестра принцезата Салма (20) и
братот принцот Хашем (15).
Фото: Profimedia
(ФОТО) Кралицата Ранија е неприкосновен моден владател: Таа ги обожава овие трендови!