Да живее кралот: Крунисан конечно, единствениот англиски крал со факултетска диплома

Кралот Чарлс III и официјано е крал, крунисан со најскапоцената круна во историјата, жезолот и суверената кугла со крст

На кралската круна има многу вредни скапоцени камења: 2868 дијаманти, 269 бисери, 17 сафири, 11 смарагди и 5 рубини. 

Круната на Свети Едвард е направена во 1661 година за Џорџ III. Има кадифена виолетова капа и златна лента со вградени полускапоцени камења. Многумина не знаат дека скапоцените камења всушност биле позајмени до 1900-тите. Изнајмениот накит бил вратен по секое крунисување до 1911 година, кога конечно била трајно создадена круната за крунисувањето на Џорџ V.

SavingSpot собра податоци за круната и нејзиниот накит од ретка колекционерска книга. Тие потоа користеле водич и слики од големината на накитот на Меѓународното здружение за накит за да го проценат бројот на каратите во накитот и да ја одредат нивната тежина. Златните компоненти се 22-каратни и чинат околу 71.783 фунти. Само сафирите чинат 1,7 милиони фунти.

 Други скапоцени камења вклучуваат аметист, турмалин, аквамарин и така натаму. Се разбира, сите овие проценки се засноваат на вистинската цена на овој камен. Во реалноста, компонентите имаат толку многу историски вредности што практично е невозможно да се одреди точната вредност на круната.

Кралот беше крунисан на тронот од кралот Едвард I кој е од 1300 година. Ги положи сите кралски заклетви и се заколна во Бог и законот дека ќе му служи на народот. 

МРТВ