„Да знаев дека е слеп додека бев трудна, веројатно би абортирала“: Старлетата не престанува да шокира со изјавите за нејзиниот син

Добивај вести на Viber

Веднаш по раѓањето на детето, Кејти стана самохрана мајка бидејќи таткото не сакал, како што наведува, „такво“ дете

Британската старлета и реалити ѕвезда Кејти Прајс е мајка на пет деца, а нејзиниот 20-годишен аутистичен син Харви има многу здравствени проблеми.

Го родила кога имала само 23 години, а тој доживеал тешка судбина, пренесува Индекс. Имено, детето боледува од ретко генетско пореметување познато како Прадер-Вили синдром, аутизам и АДХД, а покрај тоа е и слеп.

View this post on Instagram

A post shared by Katie Price (@katieprice)



- Знам дека е ужасно да се каже тоа, но се надевам дека ќе умре пред мене бидејќи нема да може да се снајде без мене. Останатите деца секако би биле тажни ако умрам, но тој нема да разбере зошто не се враќам – рекла таа.

Таа изјава наиде на многу негативни коментари.

View this post on Instagram

A post shared by Katie Price (@katieprice)


Кејти повеќе пати верувала дека нејзиниот син нема да преживее повеќе од осумнаесет години, една од причините е дебелината, а како последица на тоа се и тешкотиите со дишењето. Тогаш Харви тежел дури 180 килограми.

Сепак, наследникот на Прајс годинава го прослави својот 20-ти роденден, а гордата мајка се пофали на Инстаграм.

- Бев млада кога го родив Харви и, признавам, да знаев дека тој е слеп кога бев бремена, без разлика колку ужасно звучи, веројатно ќе абортирав - рекла таа.

View this post on Instagram

A post shared by Katie Price (@katieprice)



Меѓутоа, денес таа се предомислила. 

- Денеска мојот одговор би бил - нема шанси. Денеска да ми кажат дека ќе родам инвалид, ќе го задржам. Би посвоила дури и дете со хендикеп. Додека не се најдете во таа ситуација, не знаете – вели таа.



ФОТО: Printscreen/Instagram/katieprice