Да знаев дека носам дете со Даунов синдром, ќе абортирав: Мајка ја тужи државата зашто вели дека незаконски родила

„Да знаев дека носам дете со Даунов синдром, ќе абортирав. Бев шокирана со дијагнозата која ја добив дури откако Александар се роди“, вели Едита Модел (33) од Рединг во Англија, мајка на четиригодишниот Александар, дете со Даунов синдром. Оваа изјава, мајката ја даде на суд во Лондон, како сведок во случајот кој правно се нарекува „незаконско раѓање“, пишува „Дејли мејл“.

Мајката и нејзиниот партнер неодамна покренаа постапка против британскиот Завод за јавно здравство во која бараат оштета од 200.000 фунти, затоа што мајката во текот на бременоста барала да се направат потребните тестови кои можеле да покажат дека носи дете со Даунов синдром. Место тоа, дијагнозата ја дознала дури откако го родила детето. Иако сега е сосема посветена на малиот Александар, на суд изјавила дека би ја прекинала бременоста ако знаела ќе роди дете со Даунов синдром.

Статистиката од 2017 година вели дека Државниот завод за јавно здравство на Велика Британија исплатил 70 милиони фунти на родители во случаи на таканаречени „незаконски родени деца“. 

Уште во 2014 година, кога Едита открила дека е бремена, од бабицата која ѝ ја водела бременоста побарала да ѝ се направи тест за Даунов синдром. Кога отишла на преглед во 12 недела од бременоста, верувала дека тестот е направен и оти сите наоди се во ред. Но, се испоставило дека тестот воопшто не е направен, а административниот работник во болницата во извештајот нашипал дека мајката „го одбила тестот“. 

Адвокатите на Државниот завод за здравство на Велика Британија велат дека мајката навистина одбила да го направи тој тест, па зажалила откако детето се родило, но Мордел тврди дека дека отсекогаш била свесна за ризикот и сигурна во одлуката да го направи тоа тестирање. 

„ Нејзината копија на извештајот содржи докази дека таа ги одбила тестирањата. Тоа е незамисливо, особено поради тоа што таа никогаш не ги добила ресултататите за кои тврди дека ѝ покажале оти детето е во ред“, изјавил адвокатот Мајкл Де Наваро.