ДАФИНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Името Дафина е со грчко потекло и значи „ловор“. Според значењето соодветствува на латинското име Лаура.

Во гркојазичниот свет, од каде што потекнува ова име, постои традиција да се слави именден на Цветници, но исто така, заради значењето на името, за заштитник може да се смета и светиот Лаврентиј.

Нумеролошката вредност за името Дафина е 2. Луѓето со име Дафина се благи, нежни и мирни по природа. Тие имаат смирувачки ефект врз околината и секогаш се полни со зборови на утеха за другите. Оваа бројка најмногу носи успех во приватниот живот.