Дали и поради тоалетата на нашиот дизајнер, Ребека влезе во првите 10 на Мис универзум на Канада: Златко Јовановски не запира

Добивај вести на Viber

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат на јавноста и како JZJ(Џеј-Зи-Џеј) е препознатлив по неговите специфични креации на кои не се плаши да употреби премногу детали, но тоалети кои секогаш го одземаат здивот.

Тој неретко знае да се пофали и да сподели со јавноста дека негови креации носат ѕвезди од целиот свет, една од нив е контроверзната дива од Србија-Јелена Карлеуша, актерката и пејачка Талија, или позната кај публиката како Росалинда, но исто така и наследничката на Сваровски, Викторија Сваровски пред два месеци блесна во негова креација на која имаше вистински Сваровски кристали.

Овој пат младиот дизајнер, родум од Тетово радоста за новата негова креација која прошета на гламурозното издание Мис Универзум Канада, носена од манекенката Ребека Друин ја сподели на Инстаграм Стори.

Имено, манекенката Ребека на изборот за Мис универзум Канада носи креација од Златко која е целата со каменчиња во најразлични големини, тоалетата ја следи линијата на телото на манекенката и со тоа ја истакнува нејзината витка става, а исто така и ременот кој е дел од фустанот дополнително ја истакнува нејзината тенка половина. Целото негово дело е фасцинантно, може да стои со креациите рамо до рамо со светски познатите дизајнери.





Инаку, според она кое го има напишано манекенката под објавите таа се пласирала во првите десет натпреварувачки за изборот на Мис универзум Канада.

Секоја чест Златко, продолжи да ги исполнуваш најлудите соништа на дамите за свечени тоалети и покажи дека и кај нас има дизајнери кои им парираат на светските дизајнери.


Фото и Видео: Инстаграм

Р.Ж.М