Дизајнерот Златко Џеј Зи Џеј повторно ја облече познатата Росалинда: Дивата буквално блесна во негова креација

Добивај вести на Viber

Еден од најконтроверзните модни дизајнери кај нас, Златко Јовановски, познат во јавноста и како Златко Џеј Зи Џеј (JZJ), повторно облече светска дива.

Поточно, актерката и пејачка Талија, или позната кај публиката како Росалинда буквално блесна по втор пат во негова креација.

Според она, кое македонскиот дизајнер го откри на Инстаграм дивата носи креација на која има вистински Сваровски кристали.

„На мојата среќа и нема крај! На спектакуларен концерт во Лас Вегас. Талија настапи во моја креација. Креацијата е наше ремек дело. Овој пат користевме вистински Сваровски кристали, специјално стигнати за овој костим!“, напиша Златко.

Инаку, ова не е прв пат македонскиот дизајнер да работи со познатата пејачка, пред неполна година тој прв пат се пофали со нивната заедничка соработка. Повеќе за тоа прочитајте ОВДЕ.

Секоја чест за него, му посакуваме уште вакви соработки, преку кои и ние ќе бидеме горди. 


Фото: Инстаграм - Златко Јовановски

Поласкан и почестен: Златко Џеј Зи Џеј ја облече сопственичката на „Swarovski“ во уникатен фустан