Актуелно // Insta вести
Познатата Росалинда заносната креација му ја довери на македонскиот дизајнер: Златко Џеј Зи Џеј повторно воодушеви (ФОТО)
Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како Џеј Зи Џеј (JZJ) повторно ја воодушеви македонската, но и светската јавност
Имено познатиот дизајнер особено горд на својата работа, објави дека мексиканската актерка Талија Соди кај нас позната по улогата на Росалинда носи негова креација.
- Драги пријатели, светската ѕвезда Талија носи моја „custom made“ креација. ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ и во она што го создавате, макар било и за недостижниот Холивуд. Зошто можеби токму таму и ќе стигнете. Јас сум пресреќен и ептен горд. Мојот бренд станува полека, но сигурно светски - напиша Златко во описот на фотографиите.
Станува збор за кадифен корсет кој продолжува во форма на подвезици во нежно розова боја, инспириран од нејзин фустан од 1992-ра година.