Каде е денес Росалинда и што прави? Ѝ го украде мажот на Мараја Кери, мами погледи каде и да зачекори (ФОТО)
Познатата актерка и пејачка Талија неодамна се појави на снимањето на шоуто „Today“ во Њујорк.
Во текот на деведесетите светот целосно полуде по латиноамериканските теленовели, а нивната популарност беше особено забележлива на Балканот.
Една од најактуелните тогашни актерки беше Талија, која имавме можност да ја видиме во главните улоги во сериите како „Марија Мерцедес“, „Маримар“, „Розалинда“, „Марија од предградието“ и други.
Таа ги воодушеви сите со својот младешки изглед на 52 години.
Актерката е родена како Талија Соди Миранда во Мексико на 26 август 1971 година, а покрај актерството, успешно гради и пејачка кариера.
Во 2000 година се омажи за Томи Мотола, 23 години постар од неа, поранешен сопственик на компанијата Сони и со него доби две деца, ќерката Сабрина и синот Метју.